Ресечанката Бети Котовчевска ги одбра битолските капејнци кај село Дихово за да руши стереотипи. Таа понатаму планира да воведи курсеви за дишење и капење во ладни води се со цел подобрување на имунитетот и здравјето на сите кои би биле дел од тој сегмент.
„Диши, издиши.
Денес рушиме стереотипи!
Мислата е посилна од сё! Денеска сакам да зборувам за бенефитите на ладната вода, затоа што се здравје.
– Го подобрува имунитетот.
– Подобра циркулација
– Позитивно влијае на плодноста
– Подобрува кожа и коса
– Ве прави будни, и живи!
-Релаксира
– Ги контролира емоциите
-Ја зголемува волјата за справување со стресот
-Расонува и го подобрува сонот
– Ве учи да ДИШИТЕ длабоко
-Помага против ДЕПРЕСИЈА!!!
-Ги обновува мускулите
Сакам да зборувам за тоа колку се осеќам ЖИВА после секој допир со ладната вода.
Денеска сакам да зборувам за Бетика која им пркоси на екстремно ладни води, само со правилното ДИШЕЊЕ.
Толку сум благодарна на моето тело. Мојот храм!
Ова е еден мал белег кој што го овековечивме во вечно видео.
Нека ви биде лекција и учител што се можете да ПОСТИГНЕТЕ.
Доста е со лажни убедувања!“