Димитар Димитровски Такец (1922), во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетското и музичко движење во Битола. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен рефе рент, селски учител и новинар, бил 30 г. дописник на Нова Македонија од Битола, професија од која не може да се ослободи до крајот на животот. Се пројавил и како: сликар, поет, музичар, а патем и како пасиониран спортски рекреативец и тоа: велосипедизам, планинарење, пливање, партерна гимнастика.

Во новинарството бил вреднуван како сугестивен репортер и коментатор. Посебно ја истражувал состојбата на Битола во Првата светска војна. Истражувал материјали за Браќата Манаки, за Мустафа Кемал Ататурк, за Вагнер, за Димитрие Лала и др. Во сликарството остварил 16 самостојни изложби со дела работени во акварел, цртеж – туш, масло и вткаен пастел.

Напишал 20 музички композиции и тоа: Битола сакан мој град, Еј Пелистере гулабе мој, Жетварска серенада, Сема кедонско исконско оро и хумористични народни песни: Болен дедо, По либе во Битола, и Манако. Има издадено неколку изложбени каталози со поезија. Посебна едиција му се: Битолски медаљони и Со кавел, те авел, песни посветени на Ромите, во кои има стихови од антологиска вред ност: Кога одново ќе се родам и Од срце.

Автор е на повеќе монографии меѓу кои и на монографијата Милтон Манаки (1976). Речиси целокупното поливалентно творештво му го посвети на својот град. За учеството во НОВ е носител на Големата плакета на Битола , награда за новинарство Крсте П. Мисирков, награда за сликарство 4-ти Ноем ври во 1970 г. Добил Медал на трудот во НОВ и ред други признанија. Член е на МНД од 1976 г. и на ДЛУМ-Битола.

Во Битолски весник има објавено најдолга рубрика со наслов Луѓе, настани и живот, во периодот од јуни 1995 до април 1999 г., потоа во електронските медиуми остварил циклус од едночасовни стории на тема Битола и тоа во периодот од јули до ноември 2002 г. Негово последно монументални дело е Перформансите на Широк Сокак.

Значајни личности од Битола