Деветмина музиканти од Битола кои беа заглавени на Деве Баир заедно со други 200 македонски граѓани биле сместени во карантин во воените објекти на Пепелиште, Криволак.
Поради незадоволителните и катастрофални услови битолчаните сами снимија видео материјал после кој имаше големи реакции и истите се преместени во подобри услови во Заводот во Демир Капија.
Ниту еден од нив досега не покажувал симптоми за инфекција или заболување.
Голема поддршка од нас, почитувајте ги мерките и препораките и издржете. Ви посакуваме безбедно враќање дома за брзо.