Девет дена исполнети со детски жагор, со насмевки и многу возбудени лица во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола. Девет дена се случуваше посетата на децата на вработените во фабриката со желби за убаво и безгрижно лето по завршувањето на учебната година.

Вработените во компанијата повторно организираа посета на децата на вработените, бидејќи како што кажуваат од фабриката, тој настан е најбаран од страна на самите вработени кои сакаат нивните најмили да видат каде работат мама и тато и како изгледа производствениот погон пред сѐ а исто така и да се запознаат со процесот на изработка на кабелските снопови. Повеќе од 900 деца заедно со придружба на нивните роднини имаа можност да ја посетат фабриката со превозот кој беше организиран од страна на компанијата. При самото влегување, беа топло поздравени од претставници на компанијата кои воедно ја спроведија и турата низ самиот погон.

Повеќе од 900 деца заедно со придружба на нивните роднини имаа можност да ја посетат фабриката со превозот кој беше организиран од страна на компанијата. При самото влегување, беа топло поздравени од претставници на компанијата кои воедно ја спроведија и турата низ самиот погон.

„Беше навистина исполнувачки да ги гледаш сите тие деца кои прво имаа вoзбуден изглед на нивните лица а веднаш после тоа со очињата почнаа да ги бараат своите родители низ линиите во фабриката. Можеше да се видат многу раце кои мафкаа и ги поздравуваа, а радоста беше неизмерна кога ќе извикаа „Ене ја мама! или „Ете го тато!“.

После турата сите деца беа спроведени во една од кантините каде им беа поделени сендвичи и сокче за да имаат енергија и да ја исполнат задачата која им беше дадена: “Да нацртаат што сакаат да бидат кога ќе пораснат.
„Можеме да кажеме дека за децата најпривлечни професии беа полицаец, учителка, пожарникар, војник, програмер како и многуте цртежи со логото на фабриката опкружено со срциња во различни бои“.

За да биде целиот настан уште поинтересен, со секоја група на деца се случуваше и танцова точка со дечиња од студиото за модерни танци “Expose” од Битола кои беа гости секој ден во фабриката.

„Првичната идеја за организирање на ваквиот настан беше да им посакаме весело и безгрижно лето, но исто така и да ги подготвиме за новата учебна година па затоа на секое од дечињата им подаривме по еден школски ранец, капче, тетратка и стило со логото на компанијата. Изговореното „Фала“ со детски глас, среќното лице и рачињата кои мафкаа на заминување беа знак дека добро сме ја завршиле нашата работа и дополнително придонесовме за мотивацијата на вработените. Ова беше само една од многуте мотивациони активности кои компанијата ги организира за да има посреќни и помотивирани вработени.

Имено компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола моментално брои 6200 вработени. Бројка која бара многу труд, посветеност и напорна работа како би можеле да излеземе во пресрет на барањата на нашите вработени.


Уште еднаш би сакале да им посакаме убаво и велесо лето на сите дечиња кои нѐ посетија и што ни ги разубавија работните денови со позитивен џагор и искрена детска насмевка.“

Поздрав од Кромберг и Шуберт Дооел Битола