1.Битола ни е само една, друга немаме.

2. Седи си дома во Битола со домашните и слушај го Венко.

3. Не изговарај го напразно името на Битола, твојот роден град и дека во него не треба да има никој во хотелски карантин. Тие се наши сограѓани мајкаму стара.

4. Спомнувај си за Битола како е таа градот на Конзулите, градот на клавирите, на најубајте чупиња и боемите. Шест дена пијај си кафе дома, седмиот ден на балкун.

5. Почитувај ги комшите, својте сограѓани-битолчани. Незнајш кога ќе ти притреба дали кафе, цигара, леб или масло оти нема отворени продавници поручек, навечер и за време на карантин викендо.

6. Не кашлај во ближнио твој. Ќивај само во лакто.

7. Носи маска.

8. Миј ги рацете и клавај гел за дезинфекција.

9. Не сведочи лажно против својот битолчанец дека не е негово кучето шо го шета за тој полсат дозволен за нив.

10. Не пожелувај ништо што е туѓо, а најмалку вирусо кинески.

ОРИГИНАЛНИТЕ ДЕСЕТ БИТОЛСКИ ЗАПОВЕДИ