Нема гушкање
Нема бацвање
Нема здраво со раце
Кај си брат? Арен – малку на дистанца оддалеку
Доколку е неизбежно кивањето јавно само со предупредување: “Пазете кивааааам… “, да се заштитат сите навреме
Кивањето да биди во лакто, под пазува или во џеќетото
Бидете приберен, не се ништо две недели.
Хигиена на ниво. Нема чекање. Оти “плаќаме” на готово.
Не бидете кабадајчари, мијајте раце везден. И така бадијала се сапуните. Поарно за сапун отколку за лекој да одат парите.
Уживајте во сонцето, во фамилијата, друштвени игри. Можеби е време сега малио да го научите бељот.
Пијте ракиче по тро. Нека биде одговорно. Се разбира со салатиче и мезе.