1. Улицата не мора секогаш да ја преминувате на пешачки премин. Тој не е стално за пешаците! Можи и прекутрупа.
2. Никогаш не претрчувајте пред кола освен ако тоа не е полиција, пожарна, амбуланта и слично или ако вози по улица со 50 километри на час.
3. Никогаш, ама никогаш не брзајте додека преминувате улица. Пал-зилери во движење. Пешаците имаат предност, а возачите немаат избор освен да чекаат да поминете.
4. Првото слободно место во автобусот ќе биде и последно, заземете го молскавична брзина. Зошто вие да стоите ко можи некој друг.
5. Контактoт со очи со друг постар пешак кој чека да се качи во автобусот автоматски ви дава право да влезете прв.
6. Секогаш кога е можно преминувајте на црвено. Ако возачите Ви свират, само подвикнете им „Шо сакаш бе мајмун!“ Ако некој од нив даде гас, скокнете пред него и натерајте го да кочи нагло, по можност да предизвика и верижна сообраќајка.
7. Секогаш одете по улицата – така ќе ги натерате возачите да отидат на спротивната лента, а таму другите возачи ќе се погрижат за нив.
8. Ако видите некој со точак то значи дека го мрзи да оди, така да и вас нека Ве мрзи ако не го бери негде или неможи да помини.
9. Уште малце ќе се возиме со дроној, така да непотребно е санирање на дупките, улиците и тротоарите.
10. Додека се движите било по улица или по тротоарите и на пешачки задолжително да се гледате во вашиот смартфон. Можеби порака некој Ви има пишано или лајк има клаено.
Правилата се саркастични и одлика на модерното време кое го живееме. Превземено од некаде, извор непознат ако разбериме ќе допишиме…
Напомена: Ве молиме да не ги почитувате овие правила, туку да се насмеете и да бидите подобри од тие шо не се!
Фотографијата е кизнај од кога…