Дигиталните медиуми, особено социјалните мрежи станаа неизбежен и незаменлив дел на нашите животи. За развојот на социјалните мрежи и дигиталниот маркетинг зборуваме со пионерите на маркетингот на социјалните мрежи во Македонија, компанијата Нова Солутионсод Битола и Предраг Стојковски извршниот директор на компанијата.
Денес буквално станавме дел на социјалните мрежи и тешко можеме да ги замислиме нашите животи без Инстаграм, Фејсбук или некој друга социјална мрежа. Како дојдовме до тоа?
Да, денес е тешко да ги замислиме нашите животи без интернет, без социјалните мрежи. Сите мислиме дека сето почна со Фејсбук или пак постарите се сеќаваат на МySpace но корените на интернетот и на социјалните мрежи се сепак подлабоки.
Кога во далечната 1969 година, американскa одбранбена мрежа – ARPANET креираше мрежа, за одбрамбените потреби, не ни помисли дека нивната мрежа ќе ја започне глобалната револуција.
Првата TCP/IP мрежа е направена на 1 јануари 1983. Во тоа време интернетот можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД, тогаш наречен NSF (National Science Fondation = Национална научна фондација).
Во август 1991 година од страна на CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) беше претставен проектот World Wide Web (WWW), а две години подоцна беа претставени и HTTP протоколот и HTML кодот. Така беше создадено првото мрежно место на CERN. А веќе во 1993 година беше создаден и првиот графички пребарувач Mosaic web browser 1.0.
Во 1994 година, беше креирана првата социјална мрежа –Geocities. Сајтот дозволуваше на своите корисницие, да ги креираат своите веб сајтови, класифицирани според нивната содржина. По Geocities, AOL messenger, како и сајтот SixDegrees, донесоа еден новитет – праќање на инстант пораки.
Кочниците запреа и револуцијата започна.
Точно така. Не се чекаше многу за нови социјални мрежи како – Classmates, Hi5 и Friendzyкои го пронајдоа своето место на интернет. Популарноста на социјалните мрежи започна да расте од ден во ден, а сето тоа донесе нова фаза во развојот на интернетот.
Поголем дел од компаниите беа во паника – не можеа повеќе да ги контролираат своите клиенти. Но добар дел на компаниите ја разбраа можноста на социјалните мрежи.
Првата модерна социјална мреже беше Friendster. Ова беше вистинска социјална мрежа, која го користеше концептот на „кругови“ на пријатели и во рок од само три месеци од својата појава, имаше 3 милиони корисници!
Но, тоа не е крај на социјалните мрежи.
Не, апсолутно не. За само десет дена на кодирање, во 2005 година се појави MySpace, социјална мрежа која што на своите корисници овозможи максимална слобода во креирање на визуелен идентитет на својот профил. Во јуни 2006 година ова социјална мрежа имаше повеќе посети во С.А.Д. од големиот Google!
Facebook доцнеше, креиран е во 2004 година, но за само 4 години го освои светот и го надмина по бројот на корисници своите конкурентиMySpaceи Friendster! Денеска Facebook доминира, но како социјална мрежа не ја запре револуцијата.
Истата продолжува со Instagram, YouTube, Klik klok…и сите тие мрежи нудат нешто ново, нови концепти нови начини на комуникација.
Во 2007 година во Битола се роди Нова Солутионс, првата интернет маркетинг компанија во Македонија. Денес прославувате 12 години на компанијата…
Први во Македонија го забележавме маркетинг потенцијалот на социјалните мрежи. Креиравме интернет маркетинг кампања во која што ја вклучивме и изработката на првата наградна Facebook апликација во Македонија и ја понудивме на БиМилк.
Нова Солутионс и БиМилк станаа првите компании кој што активно ги користеше маркетиншките потенцијали на социјалните мрежи. Со еден збор – ја започнавме интернет маркетинг револуцијата во Македонија која сеуште е во тек!
Но како што се развиваа и социјалните мрежи, така и нашата компанија се развиваше.
Не застанавте
Покрај социјалните мрежи, развиваме комплетни концепти кој нудат решение за визуелен идентитет на брендовите – да изгледаат убаво како на интернет, така и во реалниот свет, но исто така креиравме решенија за различни потреби. Имено во 2014 година нашата компанија доби награда од светскиот гигант Ericsson за креирање на андроид апликација „Farmarket“ – апликација која го преместува јазот меѓу локалните купувачи и производителите на прехрамбени производи.
Ова година стартувавме и со креирање на корпоративни видеа, така да нудиме комплетна промоција и маркетинг стратегија за компаниите.
Што е за вас маркетинг?
Маркетингот е комуникација, и би го цитирал Steve Dawson – ние комуницираме заедно со нашите клиенти за да имаат производи кој што не се враќаат и клиенти кој што секогаш се враќаат!
Не знаеме иднината што ќе ни донесе. Но една работа е сигурна, луѓето секогаш ќе бараат нови побрзи начини да создадат комуникација со некој кој што не им е физички близок, а ние нудиме решение на компаниите како оваа комуникација да биде успешна!