Дел од колекцијата 15.000 винили на Петар и Сашо Ставрев денеска беа изложени пред Магаза

од September 19, 2021 0 коментари

Денеска со почеток во 12. 00 ч пред културниот центар Магаза во Битола во рамките на Офф програмата за 42-то издание на ИФФК БРАЌА МАНАКИ се одржа изложба на колекционерски винили и цд-а од фонотеката на Петар и Сашо Ставрев.

– Собирањето на винили датира уште од поодамна и тоа за првпат во 1958 година, а од 1961 г. интензивно не се пропушти ниту една колекција. За плоча не се штедеше ниту последниот динар на отслужување на воениот рок во Љубљана. До ден денес имаме вкупно околу 15.000 плочи. Првата пчоча ми е од Хари Белафонте од кој и ми е најдрагата нумера, песната Banana Boat Song (Day-O)…. ни раскажа Петар Ставрев.

Настанот беше разубавен со филмската музика миксована од нашиот битолчанец Ile The Hair.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *