⋮ИВЕЦ или ⋮ИВ Едукативен Центар, е најголемиот центар за ИТ едукација во Битолскиот регион. Центарот по својата програма и начин на работа е единствен во регионот, а и пошироко, и нуди малку поинаква, поквалитетна и посеопфатна лепеза на курсеви, академии и обуки, која е резултат на истражувањата и искуствата на нивните професионалци. Центарот постои скоро 3 години, и претходно беше познат како Интерворкс Едукативен Центар, а од неодмна се ребрендира и го промени името во ⋮ИВ Едукативен Центар или ⋮ИВЕЦ.
Решивме да го запрашаме Деан Јошевски, управител на ⋮ИВЕЦ да ни раскаже повеќе за приказната која стои позади успехот на Едукативниот Центар и како неговата богата програма им помогна на многу битолчани да стигнат до нивната прва работа во ИТ.
Како дојдовте до идеја за ребрендирање на Интерворкс Eдукативен Центар односно сега, ⋮ИВЕЦ?
Постојат повеќе причини за тоа. Но една од најголемите е ребрендирањето на компанијата која стои зад приказната на ⋮ИВЕЦ, а тоа е InterWorks или сега позната како ⋮IWConnect. 2020 е година на транзиција за сите, а ние заедно со ⋮IWConnect веруваме дека е година на нови почетоци. Токму затоа ова беше совршено време да се навратиме назад на нашите почетоци, кои сме биле, како сме се развивале со текот на времето, и да поставиме основа за нешто уште поголемо – да создадеме бренд кој ќе се заснова на нашето богато минато, но ќе се фокусира кон иднината на дигитализацијата и конекциите. Исто така верувавме дека тоа што секојдневно го правиме, внатрешно и надворешно, не е доволно јасно експонирано со нашиот поранешен бренд и затоа одлучивме да се дефинираме точно така како што се чувствуваме. Од таму нашето ново име е ⋮ИВ Едукативен Центар, или скратено ⋮ИВЕЦ.
Во 2020 година реализиравте многу обуки, некои и за прв пат во регионот. Каков е интересот на битолчани за ваков тип на обуки? И кои според вас се најатрактивни?
⋮ИВЕЦ постојано ја следи потребата на ИТ компаниите од користење најсовремени решенија и алатки. Затоа покрај основни обуки, во текот на минатата година реализиравме и неколку специјализирани курсеви, кои на голем број од кандидатите им го донесоа нивното прво вработување. Би ги издвоил курсевите за „Cloud computing – Вовед во AWS“, „Data Management со Python“ и секако „Комплетен курс за интегратори со SnapLogic“.
Заради познатата ситуација со пандемијата, нашите обуки сеуште ги реализиме online. Тоа ни овозможи, покрај за нашите сограѓани, курсевите да бидат лесно достапни и до сите заинтересирани кои го познаваат македонскиот јазик. Како краен резултат имавме и кандидати кои живеат надвор од нашата држава.
Нè радува тоа што интересот за нашите обуки расте, па слободно можам да кажам дека најголем интерес имавме за „Комплетен курс за тестери“, обука која ја реализиравме и со втора група.
Кандидатите кои посетуваат обуки пленат со решителност и желба за знаење, но што со оние кои се двоумат или не знаат во кој дел од IT припаѓаат?
ИТ индустријата се развива во повеќе насоки, преку технологии, програмски јазици и алатки, и навлегува практично во сите индустриски гранки, како и сфери од современиот начин на живеење. Затоа се разликуваат засебни профили на професионалци, како што се програмери, тестери, интегратори, менаџери и сл. Сепак основните потребни предзнаења, за сите ИТ професионалци, се идентични. Затоа за почетниците ја дефиниравме обуката „Подготвителен курс за развој на софтвер“. По успешно завршување на оваа обука, кандидатите се подготвени самостојно да го изберат својот пат на усовршување, а наша препорака е тоа да биде преку „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“. Токму преку овие две обуки реализираме најмногу вработени кандидати, како во нашата така и во други ИТ компании.
Со цел дополнително да ги мотивираме нашите кандидати за нивно максимално ангажирање, оваа година за сите кандидати кои на „Подготвителен курс за развој на софтвер“, ќе покажат солиден успех, им одобрувме попуст од 20%, за следење на „ Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“, или некој од специјализираните курсеви. На овој начин, доколку кандидатот продолжи на Академијата, која исто така сега е со намалена цена, заштедува 250 еур, односно со својот искрен ангажман заработува, уште додека учи.
Да не ги заборавиме и најмладите кандидати, чиј свет деновиве дефинитивно се врти околу информатичкото општење и развивање, збор два за нивните курсеви?
Посебно е важен моментот, но и начинот на кој младите ќе се воведат во компјутерскиот свет. Кога се на возраст во последните две учебни години од основното образование, децата започнуваат лесно да ја восприемаат „компјутерскта логика“ односно да ги визуелизираат процесите кои што се поврзани со променливи, услови, циклуси и сл. Затоа реализираме обуки наменети според возраста и адаптирани според секојдневните ангажмани на децата, па така со нивно следење додека се во средно училиште, преку неколку годишна обука ги подготвуваме за можност за вработување кога ќе бидат полнолетни, или пак за лесно следење соодветен факултет.
Како искусен предавач и успешен менаџер на својот тим, каков совет би им дал на оние кои се двоумат да започнат IT кариера?
Многу е едноставно: да повелат на „Подготвителен курс за развој на софтвер“, а потоа на „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“ или на некој од специјализираните курсеви, и потоа да си бидеме колеги. 😉
Кои си трендовите во IT индустријата во 2021? Според вас кои IT вештини ќе бидат најбарани на пазарот на трудот?
Доколку ја погледнете нашата понуда, индиректно ќе го согледате токму одговорот на ова прашање. Во постојан подем се барањата за Cloud програмирање и менаџирањето со големи податоци (Data Management, Big Data), а константно најдобро платени и најбарани ќе бидат интеграторите.
Како би ја оцениле моменталната конкурентност во IT индустријата во нашиот град?
Што се однесува до потребата од нови вработени, таа е навистина голема. Вкупно компаниите во градот, но и регионот имаат потреба од неколку десетици нови колешки и колеги. Од друга страна, крајните клиенти најчето се од Западна Европа и Америка, што од сите нас бара големо знаење, прецизност и професионалнот. Затоа сакам да им сугерирам на младите да инвестираат во своето знаење и вештини, но искрено, преку пожртвувано учење и практично вежбање.
Кои се идните планови на ⋮ИВЕЦ?
Како и до сега, ќе ги следиме трендовите на светскиот пазар и ќе организираме и реализиме основни и специјализирани курсеви, како и академии, со цел брзо и лесно вработување на нашите кандидати. Поконкретно, како резултат на соработка со наши партнери, ќе понудиме интересна обука за интегратори, во едно или две нивоа. Следете не на нашата веб страница iwec.mk.