Децата од СИ ДО по 30 години повторно на сцена во Битола со песните од детството

од April 21, 2026 0 коментари

Децата кои некогаш ги пееја легендарните песни на сцената на СИ-ДО, денес возрасни луѓе, повторно на сцена со нивните детски песни

Три децении музика, три децении спомени, три децении емоции. На 7 мај, во Центарот за култура Битола, ќе се одржи свечено одбележување на 30-годишниот јубилеј на СИДО настан што ќе биде вистинско патување низ времето. Вечер во која ќе се спојат минатото и сегашноста, а различни генерации ќе се препознаат во истите стихови, исти мелодии и исти чувства. За едни ова ќе биде враќање кон детството. За други можност овие песни да ги доживеат на нов начин, но со иста искреност и радост.

На сцената во Центар за култура Битола присутните ќе имаат можност да ги проследат легендарните хитови од СИ-ДО со кои пораснаа генерации во изведба на нивните оригинални изведувачи во придружба со Оркестар DIVA.

„Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“, „Како ли јас да пораснам“, „Ема“, “Софи, Софија“ и многу други композиции што станаа препознатлив дел од детството, младоста и семејните спомени повторно ќе ги оживееме но на еден поинаков начин.

7 мај е датум што не се пропушта. Вечер кога песните со кои пораснавме повторно ќе ги гледаме на сцената, но овојпат посилни, подлабоки и повозбудливи од кога било.

Карти во продажба на https://yournextevent.info/events/30-godini-si-do, во Тобако Димпо и на билетарница во Центар за култура, Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.