qrf_soft

А на Дембел Чаршија, кафе ќе се напијам, младост мило ќе си спомињам…

Овие два стиха се во срцето на секој Битолчанец. Веднаш кај сите нас низ мисла поминува изгледот и убавината на Широк сокак, старата чаршија, реката Драгор и животниот стил кој е негуван постојано низ годините во оваа средина, од боемите и бекриите, чалгиите и серенадите. И секако заборавената и оставена во историјата, позната Дембел Чаршија.

Враќањето на Дембел Чаршија е дел од нашиот Меморандум и е предлог да ја обновиме познатата и најопеана битолска чаршија која беше дел од стара Битола. Таа е препознатлива за меѓусебното дружење на битолчани со кафе, локум, табла и бира. Некогашната нејзина локација била во делот покрај река Драгор кај сегашната местоположба на Основен и Апелациониот Суд и делот накарши кај дуќаните.

Сега имаме повеќе можности таа да биде пак на ова место, во близина на и околу Безистен или новата пешачка зона под Безистен до Ленски Мост. Тоа ќе го оставиме и заедно со вас ќе одлучиме, но најпрво ќе ни треба вашата поддршка за кандидатите од советничката листа на Поинаку предводена од Габриела Илиевска со бр. 65.

Сакаме баш тука да има нов Фестивал на дембелите, ова да биди препознатливо „градско“ место за оддржување на вашите мали свадбени свечености или венчавка за време на летниот период. Да се одржуваат големи Меѓународни натпревари во табла и бељот со богати парични награди, примамливи за да не посетат гости од целиот свет, а со тоа да го провериме и знаењето на французите во играњето на бељот

Сето ова е само мал дел од новата визија за Битола и обновувањето на нејзината позната историја. Ние сме реални и сето ова го правиме од срце за вас и нашиот град.