КОГА СУДБИНАТА ЌЕ СИ ПОИГРА
А СИСТЕМОТ НЕ ФУНКЦИОНИРА

Под чудни околности наш сограѓанин скоро две години живее на улица (ако е ова “живот”). Под ведро небо, дење-ноќе, на пеколни температури и кочан зима…

А колку убави раскази и песни постојат, за сите годишни времиња: за раѓањето на животот во пролет, златната есен обоена во жолто, зимската идила во бело, како и летните рапсодии…
Сето тоа не постои за 60 годишниот Бале Колевски (1957 г.), за кого сѐ е монотоно, безлично, недостижно… Чии чувства одамна се ограничени, само на ДЕН и НОЌ… Како да се помине денот, како да се издржи ноќта…??!
Лоциран во непосредна близина на Центарот за Социјала и Труд во Битола кому “први комшии” се токму вработените во таа Установа…

Сепак тоа не се некои нови соседи. Тие беа и порано соседи со Бале во населбата “Карпош” кога под чудни околности го загубил својот стан, своевремено доделен на неговиот татко… (повеќе за фактите, причините и последиците, во наредна прилика) !

Она што е повеке од очигледно, тоа е дека затаиле институциите; несоодветните “закони” и нивната злоупотреба, но пред сѐ системот, на корумпирано општество, кое комотно може да се нарече “Пародија на држава” !

През целиот разговор со Б.К. остава впечаток, најмногу споменуваните имиња на ИЗВРШИТЕЛКАТА, која била најодговорна за оваа ситуација (според него), а потоа ново – назначениот директор на Центарот за Социјални работи, кого Б.К. вели : “Не ми дава мир, откако го назначија на ова раководно место… Kако малце да ми беа и досегашните гајлиња” !?
Сепак според мене, да ги оставиме тие проблеми да ги решаваат надлежните. А наше е, КАКО ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА БАЛЕ пред да настапи зимата? Да му се обезбеди кров над глава, како што тој често “сонувал” :
“ДАЛИ КЕ СЕ РАЗБУДАМ НЕКОЈ ДЕН И ПАК ДА ВИДАМ ТАВАН НАД МЕНЕ…??!”

Текст и фотографија Димитри Гина.

Текстот и фотографиите ги пренесуваме до вас и нашата поширока публика со цел да се изнајде решение со кое чичко Бале ќе ја презими зимата на топло и суво место.

Благодариме Димитри Гина…