„Да го ослободиме центарот од возила!“- една од најубавите желби за Битола на наша битолчанка

од December 30, 2020 0 коментари

На Битола ѝ посакувам поквалитетно искористени јавни простори со помалку возила, а повеќе луѓе.

Пред околу 7 години со колегата Дејан Томски самоиницијативно почнавме да ја промовираме идејата за нова уредена пешачка зона во најстрогиот центар на Битола, на повеќе настани, преку проектот кој го нарековме „Битола на Драгор“ кој опфаќаше ослободување на дел oд Драгорот од автомобилски сообраќај, како и воведување на нова пешачка зона во продолжетокот на Широк Сокак (денешниот паркинг кај Сатот).

Просторот околу Саат кулата дефинитивно треба да биде уште една уредена пешачка зона или зелен плоштад во градот (обединување на двата парка, кај Саат кулата и кај Јени џамија) кој ќе поприма различни содржини и настани во зависност од годишната доба.

Со оваа честитка (која не е архитектонско решение туку само пример) сакам да прикажам посликовито што би значело центарот на Битола да го користат луѓе наместо коли. Отворен пешачки простор на кој повремено можат да се одржуваат настани, како на пример Божиќен пазар на локални производи, концерт, уличен фестивал, перформанс, уреден со нови клупи, дрвореди, уметнички инсталации… толку многу можности. 🍀

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ДРАГИ БИТОЛЧАНИ

Мила Рориќ, архитектка

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *