Јапонската цреша е листопадно дрво со потекло од Јапонија, Кореја и од Кина и припаѓа на семејството говасеа. Во светот е позната и како азиска или ориентална цреша.
Црешата има широка крошна, висока од 8 до 12 метри, многу е отпорна и долго живее.
Нејзините цветови се розови или бели. Во Јапонија таа е едно од најценетите растенија. Цветот на црешната е јапонски национален цвет симбол на среќата, на минливоста и на чистотата. Во Јапонија за цутењето на црешите се посветени небројано
многу песни, книжевни дела и легенди.
Во Битола јапонски цреши има во близина на Безистенот.