Почитувани граѓани,
Од утре 17.03.2020 Општинската Организација на Црвен крст Битола,ќе биде на располагање на граѓаните од Општина Битола, во задоволување на нивните потреби за набавка на храна и лекови. Групата за подршка ги опфаќа сите стари изнемоштени лица, лица со посебни потреби, неподвижни лица, лица со инвалидитет.
Набавката ќе се врши од 8 до 16 часот секој ден,а пријавувањето ќе биде на телефонските броеви:
047-236-019, 070-381-752 и 070-381-749
или е-маил адресата: [email protected].
Доставата ќе биде од страна на легитимни волонтери на ООЦК Битола при што при доставата ќе треба да ја покажат својата легитимација, а корисникот ќе треба да пополни изјава за вредноста на паричните средства.
Легитимните тимови ќе бидат објавени на нашата веб страница како и на нашата Facebook страница и Instagram профил. Секој што сака да биде дел од тимовите мора да се пријави во Општинската организација на Црвен крст Битола и да стане легитимен волонтер.
Ова го правиме во насока на заштитување на населението од злоупотреба од страна на нелегитимни лица. Овие чекори ги преземаме во соработка со Општина Битола се со цел за укажување на помош онаму каде е најпотребна.
Со почит,
Општинска Организација на Црвен крст Битола