Свети Константин и Елена позната и како Влашка црква претставува Православен храм на Влашката етничка заедница во Битола. Се наоѓа во населбата Стара Болница.
Црквата била изградена во 1903 година, на местото каде сега се наоѓа Хотелот Епинал. Откако била срушена со цел да се изгради хотелот, во 1969 година била повторно изградена во влашкото маало, на местото каде се наоѓа и денес.
Како што можите да забележите на старата фотографија изгледот на сегапната црква и камбанарија се поклопува со изгледот од некогашната која беше синоним за архитектурата на Стара Битола разрушена од претходниот режим.
Прест
Фотографии и видео на Џоле Трајчевски