„Concrete Company” е основана во 2019 година, со основна дејност за производство на бетон за градежни цели. Со континуираниот раст и развој се прошируваа и услугите кои ги нудат и тоа: производство на асфалт, ивичњаци или рабници и партнерство со “КНАУФ ДООЕЛ” Скопје за Југоисточна Македонија.
Тие постојано вршат обновување на возниот парк и опрема. Овој пат набавија механизација за полесна и поквалитетна изведба на проектите и тоа :

1. Пумпа за бетон марка LIBHERR 50м

2. Три миксери за бетон со носивост 9м3

До крајот на 2024 година, се предвидени да бидат пуштени во употреба веќе набавените асфлатна база 240т/ч и бетонска база 120м3/ч.

Менаџерскиот тим потенцира дека со овој чекор, “Concrete Company” се издвојува на пазарот од своите конкуренти, како едниствени во регионот со ваков вид на механизација и опрема, но и како огромен потенцијал за нови вработувања и го потврдуваат слоганот “Градиме темели на сигурност”
Основен приоритет на нивното работење е почитувањето на еколошката етика и заштита на животната средина, кој практично го применуваат во секој проект.

Текст : Н.С. и С.Д.
Фотографии : Concrete Company