На втори Ноември во Белишче, Хрватска ќе се одржи Интернационален бокс и ММА турнир BARABER FIGHT NIGHT 3 каде учество ќе земи и нашиот битолски гладијатор Ристо Димитров Чурино.

На 2-ри Ноември се борам против Дарко Кнежевич на Барабер Фајт Најт 3 и овај пат се борам за првиот појас на оваа организација.
Ќе биде еден од најголемите боречки ивенти на Балканот каде ќе има петнаесет борби од кои ММА, БОКС, К1 и за прв пат на овие простори БОКС СО ГОЛИ РАЦЕ (Bare knucke fights), без ракавици. Јас ќе бидам во главна борба и ветувам дека ќе дадам сѐ од себе достојно да си ја преставувам Битола и мојата Македонија…за крај ни изјави нашиот ММА такмичар Ристо Димитров Чурино