Оваа торта е лесна за правење и нема печење. Превкусна, кремаста и чоколадна, се топи в уста. За нејзина подготовка ви е потребен кружен калап со обрач 24-26цм дијаметар.

Состојки

Подлога
150 г мелени бисквити со путер
100 г растопен путер
2 лажици какао

Фил
300 г квалитетно темно чоколадо
700 мл кисела павлака со 20% масленост или 500 г маскарпоне
200 г шеќер во прав
300 мл слатка павлака

Глазура
200 мл слатка павлака
100 г квалитетно темно чоколадо

Подготовка

Прво павлаката ставете ја во поголемо парче газа или тетра пелена, убаво завиткајте ја во 1 слој и по можност закачете ја некаде да се цеди неколку часа. Одвреме навреме притискајте ја нежно за побрзо да истечи течноста. Можите ова да го направите и преку ноќ.

1. Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со какаото и растопениот путер. Измешајте убаво и оваа смеса нанесете ја во чизкејк калапот претходно обложен со хартија за печење, а страните намачкани со растопен путер.

2. Изматете ја слатката павлака со миксер додека не се претвори во цврст крем, додадете ја исцедената павлака и матете полека, додадете го шеќерот во прав и на крај млакото растопено чоколадо (не треба да е жешко). Изматете убаво додека не се изедначи филот и истурете го филот врз биксвитот и убаво распоредете го.

3. Ставете го чизкејкот во фрижидер убаво да се излади и стврдни. Откако ќе се излади, потурете го со глазурата која се подготвува со загревање на хоплата и додавање на искршеното чоколадо, се меша додека не се направи еднолична течна чоколадна смеса која се истурва врз чизкејкот и се распоредува убаво.

4. Повторно вратете ја тортата во фрижидер и оставете ја да се стврдни убаво.

5. Декорирајте по желба. Јас декорирав со бело чоколадо, кршена наполитанка и чоко стоби флипс.

Рецептот ни го испрати Гордана Аџиева-Михајловска

www.macedoniancuisine.com