Денес со почеток во 17.30 ч. ви Белград РК Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот меч во СЕХА лигата со екипата на Партизан. Еден полн автобус со навивачката група Чкембари, заедно со неколку битолчани со приватни возила ќе ги поддржуваат нашите ракометари директно од трибините. Натпреварот е прогласен од висок ризик.