Одлично 4-то место на трката во Чачак,Србија на нашиот најмлад натпреварувач од Македонија,член на Офф Роад Клуб Пелистер Битола – Антонио Дамјановски!!

Антонио: – Покрај обилните дождови во саботата и тешките услови со многу кал, имавме среќа па во неделата стазата беше скоро перфектна. Одличните стартови и советите од Михаил Бајовско и Рајко Иванович ми помогнаа да се пласирам на 4тото место кое што е за 3 позиции подобро од прошлата трка во Србија.Со уште понапорен тренинг се надевам дека во иднина
ќе се бориме за подиум!