Нашите сограѓани од KBK ENERGY предводени од Александар Димовски Димсата во периодот од 18-20.03. 2022 г. беа дел од македонската делегација на европскиот К1 КУП во Краљево – СРБИЈА ОПЕН, каде се преставија со четири натпреварувачи и ни донесоа четири медали и тоа:
Јован Апостоловски -71кг јуниор,К1 дисциплина – златен
Ивона Кецевска -60кг јуниор, киклајт – златен
Марија Димовска -65кг кадет, киклајт – сребрен
и Ана Марија Наумовска -52кг
јуниор, фулконтакт бронзен медал.
Да напомениме дека единствен пехар и златен медал на ринг од македонската делегација донесе нашиот битолчанец и член на КBK ENERGY Јован Апостоловски.
Честитки за сите, Ви благодариме за медалите и вашите успеси.