бабам Битола

бабам Битола

…се за Битола

Малите битолчанчиња се вратија со медали од Маврово

April 1, 2018 Babam Bitola 0 коментари

Во текот на вчерашниот ден во Ски Центарот Маврово, на Цевитана Ски Купот, Ски Клубот Пелистер од Битола заврши со две освоени места во скијачките дисциплини. Малите битолчанчиња Јована Јосифовска заедно со Ева Милевска ги добија нивните први медали 🥈. Големи честитки и ЗАЕДНО СИТЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ СО УСПЕСИТЕ 🏆🏆! Извор Ски Клуб Пелистер

Денеска се Цветници

April 1, 2018 Babam Bitola 0 коментари

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту […]

Офицерски денес блесна со својот сјај и убавина!

April 1, 2018 Babam Bitola 0 коментари

Откога се наместија лимените тараби околу објектот започна неговото неколку месечно интензивно внатрешно реновирање и разубавување. Денес конечно салата на Офицерскиот Дом во Битола го доби својот сјај и блесна со својата убавина. Битолчани среќни дека му се оствари долгогодишната желба, заедно со нивните другари и пријатели од денес па натаму ќе можат истиот да […]

Денеска Лазарева сабота, утре Цветници

March 31, 2018 Babam Bitola 0 коментари

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во Битола и Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места […]