Од градо за ЧипурО, по втор пат трибјут посветен на нашиот другар Кире Чипуровски ЧипурО кој беше дел од урбаниот живот и битолската музичка сцена разубавајќи ги вечерите во познатите битолски локали со неговата добро одбрана и подготвена музика. Многу незаборавни моменти, многу дружење, смеа, другарство, секогаш ведар и насмејан до последните денови. За жал многу млад ја изгуби битката со најподмолната болест на светот.

На нас останува барем на кратко заедно сите да се потсетиме на неговите дела и да направиме едно заедничко дружење во негова чест бидејќи тој тоа и би го сакал таму одозгора. Лани забавата во негова чест беше низ скоро сите битолски кафе барови, оваа година се одлучивме за поинаку и пробавме од институциите да го добиеме познатото Џепане, но, поради состојбата во која се наоѓа од безбедносни причини тоа не ни беше дозволено и отрука една благодарност до нив што сепак најдобронамерно го разгледаа нашето барање и од каде дојде идејата за најблиску Кај Авионите.

Идејата ни беше овај настан да прерасни во еден мал фестивал, кој би бил со хуманитарна природа и знаменит за Битола . Догодина, кога ќе биде трет по ред, да се надеваме дека ќе успееме да го вметниме и во делот од културните настани кои сд знаменити и битни од голема важност за Битола.

Симболот на Џепането, Крстот, кој го направија неговите градители, беше уште една од причините заради која го одбравме ова место и мислиме дека оваа стара градба и објект потенцијално нуди големи можности за вакви настани препознавајќи на и акустичноста на просторот бидејќи неколку пати и ни е посетено.

Да се надеваме дека во иднина надлежните институции ќе обрнат повеќе внимание околу овај објект и истиот ќе си ја добие назад убавината која некогаш ја имал и попатно би добил и многу други.

Оваа година на настанот ќе имаме поставена бина со светло над целата Битола каде ќе учествуваат скоро сите битолски диџеи и тоа ILE THE HAIR, ALEX NOVA, DEJAN DEX, T-ZOBE, JOSS, SASO SPECT, BOC.A, ACIKA, DJ CHIKO, BERRYQYAT, DANNY L, B-BOY, MATLE, CONTRUDJ, ZORAN ATANASOV и охридскиот рок бенд BACKDOOR BAND бидејќи во него членува Никола кој е еден од блиската фамилија на Кире и заради нивниот ангажман го одбравме овај ден, понеделник 01.07.2024 г од 19.00 ч. да биде посветен на нашиот другар. Организирано на настанот ќе има и пијалок и закуски од заинтересираните битолчани кои се поканети од наша страна за нивно учество и донација на дел од средствата за хуманитарни цели.

И ЗАТОА ЕЛАТЕ СИ ПОНЕДЕЛНИК КАЈ АВИОНИТЕ, C- PURE TRIBUTE, ОД ГРАДО ЗА ЧИПУРО. Почеток 19.00 ч.