Во периодот на дарување,традиционално BV Business Group продолжува со дарување на новогодишни пакетчиња за штитениците на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола.
Со оваа донација, се трудиме како групација да внесеме радост и среќа во домот на секое дете и да им овозможиме да ја почувствуваат магијата на празниците.
Сите заедно, со многу позитивна енергија, можеме да направиме новогодишниот момент да биде незаборавен за сите, надевајќи се дека 2025-тата година ќе биде година исполнета со уште поголеми успеси, здравје и многу магија. – изјавија од маркетинг тимот на групацијата.
Текст: ПР Линк Маркетинг
Фотографија : сопствена архива