BV Business Group традицонално како и секоја година пред почетокот на Новата година организира забава за најмаладите. На 14 ти Декември во просториите на ,,Кино Манаки” на Широк Сокак, BV Business Group го најави доаѓањето на највеселите празници во годината со магична забава за најмлaдите.

Забавата започна со кратка програма, по што следуваше проекција на првиот македонски долгометражен анимиран филм “Јон Вардар против Галаксијата” во режија и сценарио на Гоце Цветановски, а уметнички директор е нашиот битолчанец Михајло Димитриевски – Тхе Мичо,

забавата, никако не можеше да помине без најсаканиот дедо на светот, Дедо Мраз кој ќе ги подели заслужените новогодишни пакетчиња.забавата, никако не можеше да помине без најсаканиот дедо на светот, Дедо Мраз кој ќе ги подели заслужените новогодишни пакетчиња.

Најголемата и најскапоцена инвестиција на една копманија се нејзините вработени и нивните семејства, така и ние како групација од 12 компании и над 250 вработени секогаш сме насочени кон креирање на стратегија која ќе создаде позитивeн корпоративен имиџ.

,,Затоа вашата среќа и среќата на вашите семејства, секогаш се и ќе бидат наш приритет. Тоа посебно се однесува на вашите деца кои можеби еден ден ќе бидат дел од новите генерации кои доаѓаат во компанија со визија каква што е “BV Business Group”. – изјавија од маркетинг тимот на BV Business Group.

Текст: ПР ЛИНК МАРКЕТИНГ

Фотографии: Б.Н