Она што започна во Лондон (2012) како „Фестивал на музички идеи“, собирајќи ја на едно место целата музичка технолошка авангарда во еден екосистем, или изведувачи како Shazam, Spotify, Soundcloud, EMI, Тhe BBC, Ninja Tune, Warp, WIRED, на кои им се приклучија бројни иновативни старт ап-и хакери и истражувачи , продолжи да прераснува во „ Движење “.
Веќе наредната година им се приклучија нови глобални музички имиња, и следуваа Бостон, Берлин, Париз, за оваа година домаќини на овој глобален настан да биде Стокхолм – Шведска ( 3-9 Септември). Во 2015 г. Music Tech Fest, се прошири, вклучувајќи ги инкубаторите и аксцелераторите, социјално ранливите групи, индустријата и сл.
Целта на овој глобален технолошко-иновативен-музички феномен е на едно место да се спојат технолошките креативци, индустријата и бизнисот, социјалното претприемништво и прогесивната музичка уметност овозможувајќи синергија, размена на идеи, концепти, иновации, развој на нови продукти и нивна примена како во индустријата така и во социјалното претприемништво, уметноста и сл.
Битола, е првиот град во Европа кој се приклучува со паралелен настан и поддршка кон движењето и Манифестот на Music Technologist со 24 часовна програма на 08-09 Септември 2018 г. во НУ Завод и Музеј Битола.
И овде целта е на едно место да се соберат: хакери, иноватори, бизнис и инкубатори и аксцелератори, социјални претприемачи, граѓански сектор, индустријата и секако музиката.
Почнувајчи од сабота 08-ми септември во 10.00 ч, се до недела 09-ти септември до 10.00 ч. во 24 часа ќе се случуваат: панел дискусии, презентации, видеоарт, гејминг , вмрежување и секако музика.
Програма во прилог.