Западно од некогашната турска академија во Битола позната како касарна, меѓу двете војни се наоѓаа таканаречените воени бавчи, површини на кои се одгледуваа
градинарски растенија за потребите на воениот гарнизон.
Воените бавчи беа омеѓени
и со денешните улици „Партизанска” и „Нико Фундали”. Најпрво тука беше изграден
станбениот блок наречен Пејтон според американската ТВ – серија „Гратчето Пејтон”.
Тоа се случи во 60-те години, потоа воените бавчи вродија голем плод од колективни и индивидуални станбени згради.
Во рамките на овие површини, во 70-тите години, беше започнат и делумно изведен најголемиот битолски проект – супер булеварот „Север југ” кој застана само на неколку стотици метри. Беше замислен во права линија како модерна сообраќајница на потегот пожарната команда (Драгор) – улицата „Партизанска“ да го релаксира во прилична мерa битолскиот моторен сообраќај кој беше во подем и навестуваше многу проблеми за градот со ориентални тесни улици.
Но се испречи голем проблем: Од Курдерес до Драгор требаше да се урнат околу 600-ни станбени и други објекти. Притоа, Заводот за заштита на споменици на културата стави вето…
Димитар Димитровски Такец “Перформансите на Широк Сокак “