Ако ви се брза, а ви треба тесто за пица, ова тесто е одлично!
Се прави за 5 минути, се шири, се става зајре и на печење. Оваа количина е за 2 средни пици или за 1 голем плех.
1 шола јогурт
2 и пол шоли брашно
1 прашок за пециво
5 лажици масло
половина лажиче сол
*Големина на шола 250 мл
Измешајте ги сите состојки со тоа што ќе ставите 2 шоли брашно, па по потреба ќе додадете уште. Замесете го тестото со миксер неколку минути, па доработете го со рака.
На набрашнета тава распоредете го убаво, ставете зајре и веднаш печете. За 15тина минути пицата ќе биди готова.
На здравје.