Легенди, народни верувања, раскажувања. Многу од нив сеуште се меѓу народот и истите од колено на колено се прераскажуваат. Ова раскажување е интересна случка според вистинити настани раскажана од чичко Драги Кузмановски од с. Новаци, уште од далечната 1991/92 кога рибарот Томе од Битола со неговото зелено “рено 4” рано наутро тргнува на рибарење према с.Рапеш (општина Новаци – с. Старавина).
На влезот во село Новаци некое привидение како сенка претрчува пред неговиот автомобил и тој губи контрола и се превртува со неговото возило. За среќа реното и Томе немале никакви траги од оштетување и повреди. Тој успева заедно со тамошните мештани повторно да го исправи возилото, но се премислува и одлучува да се врати назад.

Секој оној кој некогаш има рибарено ја знае рибарската краста и баш заради неа Томе пред мостот на Црна врти десно и фрла една “прачка” во делот сега каде што се наоѓа Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во с. Новаци, битолско.

Првото место кое го направил Томе

Рибарејќи со неговата јадица од водата на река Црна ја вади иконата на мајка Богородица, која ја носи во неговиот дом во населбата Баир во Битола. Неколку вечери преспива со неа која била позиционирана во неговата спална соба. На сон му се појавува жена облечена во бело која бара од него да ја врати на местото каде што ја најде и да и направи засолниште.Томе возбуден тоа му го раскажува на неговата мајка која му дава совет дека тоа е мајка Богородица од иконата и треба да постапи според нејзините желби. Повторно се враќа на истото место каде ја поставува пронајдената икона и му гради мало импровизирано засолниште. За оваа случка дознаваат и селаните од с. Новаци од кои дел од нив имале слични случувања и соништа поврзани со тоа место. И тогаш покажуваат единственост и одлучуваат да формираат месен одбор кој ќе изгради Манастир Рожденство на Пресвета Богородица баш на тоа место.
Ја добиле целата поддршка од сите соселани, храбро и сложно тргнуваат во поход за остварување на нивната света и благородна цел.Парцелата беше во сопственост на ЗИК Пелагонија. Месниот одбор контактирајќи со тогашниот Генерален директор како понуда добиле место покрај патот Новаци – Битола. Директорот парцелата не сакал воопшто да ја дели, но после големо негодуваање и притисок истиот се согласи да им го подари сегашното место.Местото прво беше обележано со трактор и како што кажува нашиот соговорник бележењето одело само по себе, Манастирот сам си ги оцртал неговите сегашни граници.Започнал да се приближува празникот Мала Богородица. Првиот кум одлучил за здравје и гозба да подари теле, за кое не можеле никаде да најдат некој кој би го спремил.Прашале во кујната од бараките на Маврово кои тогаш биле стационирани во Новаци, ништо. Се обратиле во кујната во Рек Битола и таму поради голема презафатеност ништо. Денот за празнување дојде и контактирале со Силјан Мицевски кој имал кујна и фирмата Пелистер работела во РЕК Битола. Во телефонскиот разговор Циле со еден збор веднаш се согласил, покрај спремањето на телето подарено од новачкиот кум, спремил и сѐ друго што било неопходно за нормално да помине овај празник. Ангажирал плус и негови работници за помош, достава и служење. Селаните и месниот одбор пресреќни. Со музика и голема веселба го прославија првиот празник Мала Богородица на ова свето место.По идеја и цртеж на битолчанец кој соработува со МПЦ се добива сегашниот изглед кој е сличен со црквата на Кркардаш која е цртана од истиот архитект. Името не успеавме да го дознаеме.Карабината за симболична сума и со почек ја гради градежното претпријатие Пелистер. Голема сума од средствата кои требаше месниот одбор од Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица да им го исплати на крајот го опростува. Уметноста со ѕидањето на камен ја направи градежното претпријатие Пелагонија, додека Кобил ги поставува бакарните куполи за кои дадоа 300 годишна гаранција.
Со тек на времето Манастирот се уредува и внатрешно, се оцртува со икони, со помош на Комуналец од Новаци хортикултурно се разубавува и го добива сегашниот лик.Од легенда, до јаве, народно раскажување и до ова сега што го читате. Со божја помош се пронајде иконата на мајка Богородица, се изгради Манастирот и баш денес од илијадниците гости тука го запознавме чичко Драги, еден од најпрвите членови на одборот, кој во еден здив сето ова ни го прераскажа.

За нас и за вас, ова писание и легенда нека седи тука. Нека има трага за сите добродетели кои помогнаа да се изгради и оформи Манастирот на Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци, битолско. Нека ни е за многу години на сите. Ве поздравуваме…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here