Мора да е поинаку!

30 години избори и не избираме ништо. Битола не ни мора да има избори, само може од Скопје да назначуваат началник, без никакви ингеренции освен да течат тендери и набавки, да се вработуваат локални партиски активисти и да накриват капа. И ние да накривиме капа затоа што ако пак гласаме за истите кои ги гласавме овие години гласаме за уште четири години дупки и езера на улиците, празен град, Пелистер без пристап, загаден воздух, загадена култура. Многу е едноставна дилемата – ако сте задоволни како живеете во Битола вашиот глас без мислење дајте го за некоја од партиите кои досега владееле. Затоа што и во наредните четири години со нив ќе е исто.

А ако сакате поинаку, тогаш Поинаку. За Битола која ја залужуваме, за Битола која живее, за Битола со која ќе се гордееме. Не би сакал да лажам, не ја знам ниедна програма на ниедна партија. Доволно е што во нив го има веќе четврти пат затворениот базен. Единствен континуитет во градот. Покрај пропаѓањето. Нит сум запознат многу со програмата на Поинаку. Но затоа ги знам луѓето кои се за Поинаку. Ја знам нивната борба овие четири години, наоружани само со вистината и желбата за подобра Битола против сите полтички моќи и локали и централни. Ја знам нивната љубов за подобро утре. И знам дека полесно би им било да не се борат со ветерници, би биле пораат тие, а ние би тонеле подлабоко во апатија. Во тоа мочуриште на ликови кои се марионети на Скопје и на поголеми интереси Поинаку е силата која им ја мати водата на бизнис интересите и политичките интереси што сакаат да ја освојат Битола. Поинаку е шанса Битола да стане пример во Македонија, не негативен пример како досега туку пример како граѓаните сами ја зеле општината во свои раце и ја направиле подобра. Поинаква.

Ако ви е добро како стојат работите продолжете партиски. Ако навистина го сакате градот тогаш – Поинаку.