Болница „Плодност“ започна со работа, според најавениот термин, 13 април. Персоналот кој работи во моментов во болницата е два пати тестиран, со негативни резултати.
Се молат сите пациенти, кои се закажани кај своите доктори, строго да се придржуваат според претходно договорените термини. Со исклучок на итни случаи, болницата нема да прима незакажани пациенти.
Исто така, пациентите задолжително да носат сопствени маски, а потоа, при влез во болницата, да ги запазуваат сите препораки за дезинфекција и држење на соодветно растојание.
Истата процедура се однесува и на пациентите кои што доаѓаат од другите градови. Навремено да закажуваат термини за преглед, а доколку се случи да не се закажани, да чекаат надвор од болницата, се додека не се создадат услови да бидат повикани од страна на персоналот.
Бидете совесни, чувајте го Вашето, но и нашето здравје.