Денес, вториот тим во Болница „Плодност“, завршува со двонеделната успешна работа. Од утре, нив ќе ги замени ротациониот прв тим, кој ќе работи наредните 14 дена.
Целта и натаму останува иста – да им дадеме најдобра и најбезбедна услуга на нашите пациенти.

Најблагородната и најубавата од нив е на свет да ни дојдат што повеќе здрави новороденчиња, со среќни родители. Две од овие убави бебиња, од денес ќе си бидат во своите домови, заедно со семејствата.