„Се случи цистографијата. Болница ,,ПЛОДНОСТ” истата ја изврши целосно бесплатно. Ви благодариме професионалци сте пред се луѓе во вистинска смисла на зборот.

Резултатот од истата: Оној од молитвите.

Јас сум им преблагодарна и сакам баш сите да знаат за хуманите подвизи“.

Ова се зборовите на среќната мајка, која денес ги објави фотографиите по извршената цистографија во Болница Плодност и дозволи истите да бидат споделени.

Пред околу 2 месеци, по апелот на социјалните мрежи од страна на здружението „Рилука“, дека детенце кое е член на нивното здружение, има хидронефроза на лев бубрег, односно стеснување на мочните канали и му е потребна финансиска помош за цистографија, менаџментот на Болница Плодност предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, одлучи дека интервенцијата за детето ќе биде извршена бесплатно.