Денес на местото викано Црн Мост во присуство на многу битолчани, свештени лица и 9-те кумови кои многу помогнаа за изградба на ова ново паракливче се одржа пригодна богослужба.
Некогаш на ова место тука се наоѓал најголемиот и најубав манастир кој до темел беше уништен и запален од Османлиите.
Во легендите и пишувањата на патеписците е запишано дека во нашиот град имало над 70 манастири и затоа во период од 5 века тој го носел името Манастир.
Напомена: Сите фотографии и видеа кои ги фотографираме и објавуваме од наша страна се за сите вас, слободни за превземање, користење и споделување. Спомнете ја само Битола.