Според православниот календар на 22-ри декември црквата ги слави Св. Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.
Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак жените кои имаат проблем со зачнување треба да одат во Манастир да се молат. Некои од нив остануваат таму и по три дена.
Постои обичај, мајките со женските деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел и просо за да ја зачуваат куќата од зли духови.
ЖИТИЕ:
Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица.
Фотографии од Св. Ана Маловишта