Еден од најперспективните ракометари останува во РК Еурофарм Работник

од August 14, 2018 0 коментари


Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година. Каковски потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш.

Обострано беше задоволството за продолжувањето на соработката, а со овој потег клубот покажа дека верува во талентираните млади ракометари. Претходно Еурофарм Работник доведе четири нови ракометари, тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и ги продолжи договорите со некои од клучните ракометари.

Првиот официјален натпревар во подготвителниот период, Еурофарм Работник ќе го одигра в среда во рамките на Струшкиот турнир и ќе се сретне со словенечкиот Целје.

Извор РК Еурофарм Работник

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *