Во втората половина од летото планирано е отворањето на BLISS – најголемиот mall & retail park во регионот. Бројни продавници на светските и домашните брендови, како и многу други забавни содржини за сите возрасти, ќе го направат овој центар посакувана дестинација не само за граѓаните од регионот на Македонија каде што гравитира Битола, туку и за нашите соседи и за туристите што се на пропатување.

Подготовките за отворањето на BLISS се во завршна градежна фаза.
Завршени се сите градежно-конструктивни работи, а во моментот сд работи на машинските, вентилациските и електричните инсталации на поголем дел од објектот. Паралелно се работи на обликување на партерното уредување и на фасадата, која допрва ќе го добие вистинското лице. Во внатрешноста интенизвно се работи и на сите фини завршни работи во ентериерот. Во мигот сме целосно на располагање на закупците, кои интензивно ги уредуваат своите простори во делот од приземјето, кое го претставува Bliss retail park. До крајот на летото можност за уредување на своите закупени простории ќе имаат закупците на горните катови кои се дел од Bliss mall.

Веќе е објавена дел од листата на познати брендови кои ќе отворат продавници тука.

„За еден бренд да донесе одлука за влез на еден пазар потребни се сериозни анализи на пазарот, на регионот, на куповната моќ на популацијата, на капацитетот на трговскиот центар да привлече посетители. Се работи за навистина детални анализи пред да се донесе одлуката. Тоа е едната страна од медалот.
Другата страна е она што се нуди за изнајмување. Тоа зависи од концептот на BlISS да привлече купувачи, од миксот на закупци што како центар ги привлековме„ – истакнуваат инвеститорите.

Модни урбани брендови, спортски брендови, голем супермаркет, продавница за бела техника, за мебел и покуќнина, продавници за деца, за миленици, простори за забава за деца, кафетерии и ресторан. BLISS веќе започна да ги објавува имињата на брендовите кои ќе ги има под својот покрив. Ќе има и домашни и странски брендови, понуда што на потрошувачот ќе му овозможи да ги најде сите услуги на едно место.

BLISS по својот концепт е осмислен да привлече и население од регионот, но и туристи. Тој ќе биде одличен мотор за економијата на градот и локација за многу нови вработувања.

Се гледаме наскоро!