Во рамките на 12-тото издание на престижната изложба „Со љубов од Битола“, BLISS беше избран од неколку фотографи како инспирација и архитектонски симбол на модерната Битола. Изложбата, која оваа година се одржа под темата „Модерните архитектонски симболи на Битола“, привлече 19 автори кои претставија 26 фотографии што ја отсликуваат современата страна на градот.

BLISS, како дел од овој значаен проект, беше претставен преку форографиите на Викторија Стојковска и Јован Илиевски како еден од примерите за тоа како новите архитектонски форми стануваат дел од културното наследство на Битола. Овој проект е своевидна креативна врска меѓу минатото и сегашноста, каде модерните објекти, како BLISS, се документираат преку фотографскиот објектив, создавајќи визуелен дијалог со постарите архитектонски бисери на градот.

Организаторите на изложбата потенцираа дека целта оваа година беше да се документираат модерните објекти, кои низ години можат да останат недокументирани, како што тоа се случувало со многу објекти од времето на браќата Манаки.

Фотографиите изложени во оваа манифестација покажуваат дека BLISS не е само дел од современата архитектура на Битола, туку и инспирација за новите генерации фотографи кои со својата уметност го овековечуваат развојот на градот.

Изложбата „Со љубов од Битола“ е во организација на Центарот за европски развој и интеграција, како и НУ Центар за култура – Битола.