За само 12 месеци, BLISS стана едно од најпосетуваните места во градот, локација каде трговијата, гастрономијата и социјалниот живот се спојуваат во едно.

Свеченото одбележување на првиот роденден помина во празнична атмосфера со целодневни активности, подароци, промоции и музичка програма, привлекувајќи голем број посетители од Битола и регионот. Настанот го потврди она што веќе се гледа од првиот ден: BLISS е современ трговски центар што ја подига локалната понуда на повисоко ниво и генерира нови навики.

Во текот на првата година, BLISS донесе повеќе од 20 меѓународни и локални брендови, современо уредени простори, детска зона, ресторански дел и настани што ја збогатуваат културната понуда во градот. Со конзистентна посетеност и редовни неделни активности, центарот веќе се позиционира како „city point“ за шопинг, дружење и семејни активности.

„Првата година на BLISS е доказ дека Битола сака современи, функционални и квалитетни простори. Благодарни сме на посетителите за довербата и на сите брендови кои избраа да бидат дел од оваа приказна. Ова е само почеток,“ велат од раководството на BLISS.

BLISS во изминатите 12 месеци организираше повеќе тематски активности, детски работилници, гастро-денови, модни промоции и општествено-одговорни иницијативи, претворајќи се во важен простор за локалната заедница.

„Нашата цел отсекогаш била да создадеме повеќе од трговски центар, да создадеме место каде луѓето се чувствуваат убаво, каде доаѓаат по искуство, а не само по производ.

Со нови најавени брендови, зголемена понуда и планирани настани за следните месеци, BLISS Mall & Retail Park продолжува да го зацврстува своето место како нов симбол на современиот градски живот во Битола.