BLISS го отвора својот главен дел – подгответе се за новото шопинг искуство во Битола!
По успешното отворање на retail park делот ова лето, BLISS сега ги подготвува финалните детали за главното отворање на целиот центар. На 8 ноември во 13:00 часот, BLISS конечно ќе ги отвори своите врати за сите посетители, носејќи уште поголем избор на продавници, брендови и забавни содржини кои го прават овој објект новата омилена дестинација во регионот.
Сместен на стратегиска локација во Битола, BLISS е проектиран со модерен дизајн и простори кои нудат извонредно шопинг и забава за посетителите од сите возрасти. Центарот нуди модни и спортски брендови, супермаркет, технолошки продавници и многу повеќе, овозможувајќи целосно уживање во секоја посета.
BLISS е создаден за да биде многу повеќе од шопинг центар – ова е место каде што стилот и удобноста се спојуваат, давајќи нова дефиниција на шопинг искуството за жителите на Битола и пошироко.
Не го пропуштајте 8 ноември, после 13.00 часот дојдете и бидете дел од BLISS приказната!