Благојче Силјанов е роден на 6 април 1969 година во Битола. Тој воениот рок го отслужи во ЈНА како воен полицаец. По враќањето во цивилството не можеше да најде работа како средношколец и затоа се посвети на изработка на мебел. Мајка му е пензионирана работничка на печатницата „Киро Дандаро“. Татко му починал во 1992 година. Кога се оженил Благојче, останал да живее во станот на своите родители. Непосредно пред да почне војната 2001 година во Македонија, Благојче стана татко. Луѓето го опишуваат како безмерен патриот што татковината си ја сака колку и сопственото семејство. Подоцна кога бил мобилизиран како воен полицаец, на другарите на боиштата често знаел да им рече:

„Се борам за жената и детето. Да знаат дека имаат татковина.”

Благојче Силјанов е меѓу првите што беа мобилизирани. По кусиот престој во битолската касарна, префрлен е во Кичево. Веднаш потоа е префрлен во Тетово и таму останува сè до трагичниот ден. Во телефонските разговори со домашните, никогаш на ништо не се пожалил. Велел дека се му е добро. Дома доаѓал многу ретко и без подолги задржувања. Доаѓал како на викенд.

На 5 јуни 2001 година загинува во заседа поставена од албанските терористи помеѓу патот Шипковица – Гајре, заедно со други четворица бранители. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Извор