Сите од нас си го паметиме чекањето пред продавници, дали за леб, масло или бензин. Битола имаше свои “Black Friday” уште во раните седумдесетти. На следната фотографија од “Битолски весник” се прикажани од најмлади до најстари битолчани кои чекаат да се отвори продавницата на Жито-Битола и да си купат леб.