Во текот на вчерашниот ден 18.05.2019 г. (сабота) Македонската спортска стрелачки федерација организира Државно првенство со воздушна пушка во Скопје каде учествуваа учесници од стрелачките клубови од Битола Рек Битола, ГСК Пелистер, Тумбе Кафе и Јане Сандански.

На натреварот стрелање со воздушна пушка пионери, младинци и сениори на 10 метри во најдобро светло ги претставија своите вештини и се вратија со освоено второ место екипно сениори за ГСК Пелистер, па поединечно со освоено прво место Емилија Трајковска од Јане Сандански и второ место за Мартина Николовска од ГСК Пелистер во категорија сениорки, Иванчо Ивановски од стрелачкото друштво на РЕК Битола второ место сениори, додека Марија Црвенковска освои прво место во категорија младинки.

И покрај нерешениот статус на единствената стрелана во Битола и нејзиното макотрпно одржување, нашите битолчани сепак успеваат да не израдуваат и да се вратат со успеси од кои чуствуваме горди што сме од овај град.

Честитки за сите!

За повеќе на нивната фан фејсбук страна ГСК Пелистер и РЕК Битола