Заборавете на старите и оштетени автобуски станици кои даваа грда слика на градот.
БТ Постојка е проект на маркетинг агенцијата WebiArt, која користејќи го надворешно рекламирање ќе ги обнови 60-те постојки за градски превоз во Битола.
Тие, ќе добијат нов изглед и ќе му служат на жителите кои користат градски сообраќај, додека чекаат тоа да го прават на уредено место.
Овој проект кој овозможува креативен рекламен простор, ќе има за цел да ги облагороди постојките и да ги понуди на заинтересирани компании и поединци за рекламирање.
Светот одамна знае дека рекламата на автобуските постојки е реклама која сигурно дава резултати.
“Целта е да се промени сликата на градот преку овие одредени локации на кои се чека градскиот превоз, на иновативен начин.
Да се комбинира потребата и корисноста од истите. Имаме многу идеи, кои во фази ќе ги реализираме, ова е само почеток”- најавија од БТ Постојка на компанијата WebiArt, кои може да ги контактирате доколку сакате Вашата реклама да ја има на некоја од автобуските постојки кои една по една целосно ќе бидат реконструирани.”