И покрај екстремното време од дожд и кал, во многу силна конкуренција, битолските мотокросисти успејаа да ја изораат стазата Буковиќ во Пожаревац, Р. Србија и во две класи да ги освојат првите места.
Времето два дена беше со многу
дожд и кал до колена, возењето беше со тешка конкуренција од цел Балкан. Со голем напор нашиот тим успеа да се оддалечи од сите и нашиот битолчанец Антонио Дамјановски да е прв во класата МХ-85, Христијан Илиовски прв во МХ-1, а Огнен Тодоров – Мајоро 5-то место во МХ-85.Изразуваме благодарност до сите во тимот, за незаборавните моменти во придружба на нашите спонзори….ни пренесија од тимот.