Денеска со највисоки воени почести од бригадниот Генерал на воената морнарица на Албанија беа испратени USAR тимот на Дирекцијата за заштита и спасување и МВР во кој учество земаа и нашиот битолски тим кои се специјализирани и обучени за спасување на планини и високи објекти.
За нивната храброст и пожртвуваност истите добија благодарници и денеска се очекува нивно пристигнување во Битола.
Пребарувањето на лица во Драч, Р. Албанија заврши доцна во ноќта од вчерашниот ден. Да им се заблагодариме за нивното учество и помош која од нивна страна несебично беше споделена со нашите комшии на запад.