„Веќе не гледам на саат, мое време доаѓа“, вели битолскиот рапер Шабац во неговата најнова песна која се вика „Саат“, со метафорична порака дека после неговата 10 годишна работа на рап сцената, како што вели време е да се сврти нова страница и да се создаде нова епоха во рапот, бидејќи последниов период рап музиката е во голема експанзија во нашата држава. Спотот е снимен на две локации во Битола, во подземна гаража и во Гимел студио, каде и е снимена песната. Спотот го работеше Дејан Трајчевски, а текстот на песната како и сите негови претходни песни е на Шабац.

– Во моите претходни песни, темите ги посветував на тоа што било актуелно во тој момент, тоа биле песни со љубовна тематика, политичка тематика и така натаму, но овој пат се решив да посветам песна за мене и мојата кариера, бидејќи сметам дека сега е моето време, сакам да правам квалитетен рап со цел да го задржам нивото пред се на битолската рап сцена, вели Јоцковиќ.