Срцето на Битола сепак била чаршијата каде што се сплотуваа во единство сите противречности на градот .

Чаршијата, со доминација на занаетите, го давала главниот печат на градскиот живот. Според тоа битолчани-шкембари, тоа беа луѓето-еснафи, средниот сталеж. А бекриите се регрутираа оттаму. Високиот трговски сталеж немаше срце за нешто такво. А сиромаштијата-пари. Ако некои од нив залутаа меѓу бекриите, тогаш тие стануваа пијаници: Од едно poпство, одеа во друго.

Битолчани кај Милка, на Широк Сокак во близина на Камен Мост

Ропството од кое бегаше во крчмата некој трговски син, беше ропскиот однос на неговата фамилија кон парите, кон златото. Ропството од кое бегаше сиромавиот, беше сиромаштијата. И бекријата бегаше од ропство: Тој од стегите на патријархалниот живот со бог како деспот кој грми од небото, со цар како деспот на земјата и пред се со таткото какo деспот дома и на дуќан.

Битолчани во Дембел чаршија

Ho во тоj чин на бекријата имаше бунт, и во тоа тој се разликува пијаницата. Во тоа што пијаницата бара слобода за себе, а бекријата за сите. Воопшто, идеалот на слободата го карактеризира битолчанецот од едно време. Иако живеел во ропство, тој бил слободен човек. Денес, иако живее во слобода, се помалку е тоа.
Извадок од книгата “Битолски триод” Владимир Костов